ПРОДУКЦИЈА ПЕРСПЕКТИВА е основана 2000 година и претставува маркетинг агенција која во соработка со Град Скопје го реализира проектот за улично медиумско рекламирање преку поставување на светлосни рекламни панели на канделабри за улично осветлување.
ПРОДУКЦИЈА ПЕРСПЕКТИВА - Панел Плус е единствена агенција која со решение на Градскиот Комитет за урбанизам, станбено-комунални работи, сообраќај и заштита на човековата околина има дозвола да го реализира овој нов тип на медиум.
Панел Плус е агенција за надворешно рекламирање која делува во маркетинг просторот каде креативните можности, актуелноста и иновативното размислување е поважно од било кога до сега.
Outdoor advertising или огласување на отворен простор, денес е еден од најзастапените сегменти за промоција на производи, сервиси и услуги кој најмногу се користи во рекламни кампањи. Причината за пораст на овој тип медиа е лесниот и ефикасен начин на таргетирање на клиентите во чие видно поле НОН СТОП (24 часа на ден) се наоѓа рекламната порака.
Во текот на изминатата година Панел Плус ја достигна бројката од 600 клиенти, и за да ги задоволи потребите на клиентите и да одговори на нивните барања и различните погледи во рекламирањето, го зголеми обемот на работа и ја прошири својата основна дејност поставување на светлосни рекламни панели со друг тип на надворешно рекламирање – рекламни знамиња и рекламирање на ѕидни површини .
Панел Плус и неговиот тим Ви нуди високо ниво на сервис и услуга во надворешно рекламирање без разлика на потребата и обемот на промоција која ја бара клиентот.
Ние веруваме во Вашиот успех!
|